ОН ЈА ОСУДИЈА СЕВЕРНА КОРЕЈА: На земјата ќе ѝ следуваат санкции
Советот за безбедност на ОН остро го осуди нуклеарното тестирање на Северна Кореја, се наведува во подготовката на предлог-резолуцијата за дополнителни санкции кон Пјонгјанг, а пренесуваат светските агенции.
На барање на САД и Јапонија, Советот вечерва одржал итна седница зад затворени врати.
Советот за безбедност истакна дека денешното тестирање на оружјето, било "јасно кршење" на претходните резолуции на ОН, според кои Северна Кореја требаше да ги прекине сите нуклеарни активности.
Во заедничкото соопштение од состанокот меѓу 15-те земји, од Советот велат дека новото оружје на Северна Кореја било „закана за меѓународниот мир и безбедност”, додавајќи дека членките работат на новата нацрт-резолуција за воведување на нови санкции кон таа земја.
