ОН ИЗГЛАСА: Русија ќе треба да ѝ плати воена отштета на Украина
Русија ќе треба да ѝ плати воена отштета на Украина.
Генералното собрание на Обединетите нации денеска одобри резолуција во која се наведува дека Русија мора да ѝ плати на Украина воени репарации. Додаваат дека Москва е одговорна за инвазијата на Украина.
Во резолуцијата, поддржана од 94 од 193 земји членки на Генералното собрание на ОН, се вели дека Русија мора да одговара за кршење на меѓународното право во и против Украина.
Во резолуцијата, се наведува дека Русија „мора да сноси правни последици за сите нејзини меѓународни незаконски дејствија, вклучително и плаќање на компензација за повреди и каква било штета предизвикана од такви дејствија“, објави „Ројтерс“.
Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но имаат политичка тежина.
Една од земјите кои гласаа на резолуцијата беше и Македонија, која гласаше „За“.Во војната во Украина досега е предизвикана материјална штета во вредност од над 350 милијарди евра.
