ОН идната недела ќе го објави прелиминарниот извештај за употребата на хемиско оружје во Сирија
Прелиминарниот извештај на експертите на Обединетите нации употребата на хемиско оружје во Сирија ќе биде објавен до крајот на следната недела, објави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“.
Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека извештајот, кој ќе биде доставен до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, најверојатно ќе содржи детали за отровниот гас, муницијата и оружјето, кои биле употребени при нападот со хемиско оружје во предградието на Дамаск на 21 август, при што загинаа неколку стотици лица.
Слично
