ОН и САД повикуваат на дијалог-тензичен мир во Турција
Турската полиција го освои плоштадот Таксим, по 20 часа судири со демонстрантите кои веќе 13-ти ден бараат оставка од премиерот Ердоган. Според странските агенции, има и голем број повредени. Полицијата користеше солзавец, водени топови и гумени куршуми во обид да ги истера демонстрантите од плоштадот Таксим. Тие пак, фрлаа со камења, молотови коктели и петарди
По ноќ на судири меѓу полицијата и антивладините демонстранти денеска во Истанбул владее тензичен мир. Демонстрантите во текот на ноќта се повлекоа во паркот Гези, каде судирите продолжија до утринава, додека булдожери ги расчистуваа барикадите и привремените престојувалишта на Таксим. На нередите им претходеше голема полициска рација во која се приведени 50-тина луѓе, и нова закана од турскиот премиер дека протестите не само што ќе ги запрат, туку пред суд ќе ги изведат сите провокатори и терористи. Активистите на „Солидарност за Таксим“ соопштија дека нема да се појават на средбата со премиерот Ердоган што беше закажана за денеска. ОН и САД ги повикаа демонстрантите и Владата во Турција на дијалог за надминување на недоразбирањата и прекин на демонстрациите и употребата на сила Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека граѓаните имаат право на демонстрации и повика на дијалог меѓу Владата и демонстрантите. Портпаролката на Белата куќа Катлин Хејден, изјави дека САД се вознемирени од ситуацијата во Турција и упатуваат повик за дијалог меѓу Владата и демонстрантите. „Продолжуваме со вознемиреност да ги следиме случувањата во Турција и ја поддржуваме слободата на говорот како и правото за мирни демонстрации,“ изјави Хејден. Додека пак Гувернерот на Истанбул Хусеин Авни Мутлу изјави дека полицијата ќе продолжи со расчистувањето на плоштадот Таксим. Исто така побара од луѓето да не одат таму, се додека не биде воспоставена целосна безбедност на плоштадот. „Ние ќе продолжиме да ги преземе нашите мерки на претпазливост и дење и ноќе и сакам сите да и помогнете на нашите полицијата.“изјави Хусеини. Претходно, премиерот Реџеп Тајип Ердоган рече дека веќе нема да ги толерира масовните демонстрации против неговата влада. Тој исто така, го повтори своето уверување дека немирите се дел од заговор против Турција, а демонстрантите ги означи како хулигани и непријатели на демократијата. Најмалку три лица се убиени, а околу 5.000 се повредени во изминатите 13 дена.
Слично
