Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН го смета лансирањето на ракета од Северна Кореја за сериозна опасност

ОН го смета лансирањето на ракета од Северна Кореја за сериозна опасност

Советот за безбедност на ОН „строго осуди истрелувањето“ на ракета од Северна Кореја, извршено во неделата.

Декларацијата по тој повод беше усвоена едногласно по консултации зад затворени врати. Советот се ангажира „брзо да усвои нова резолуција“ за да ги отежне и санкциите против Пјонгјанг во одговор на ова лансирање и на последниот севернокорејски нуклеарен обид, извршен на 6 јануари, пренесоа агенциите.

„Членовите на Советот за безбедност ќе прифатат брзо нова резолуција на Советот, што наметнува забележливи мерки во одговор на овие опасни и тешки прекршувања“ на резолуциите на ОН.

Декларацијата потврдува дека истрелувањето, претставено од Пјонгјанг како лансирање на сателит, „користи технологија на балистичка ракета“ и што така „придонесува за развојот на системи со можност за употреба на атомско оружје“, односно на интерконтинентални ракети со нуклеарни боеви глави, способни да го достигнат САД.

„Јасно е дека станува збор за закана на меѓународниот мир и безбедност“, се вели уште во текстот.

Преговорите меѓу Вашингтон и Пекинг за резолуција со која да ќе ги отежнат санкциите, веќе наметнати на Северна Кореја, газат на место заради воздржувањето на Кина, главен сојузник на Пјонгјанг, според дипломати.

Слично

Поврзани вести