ОН: Бројот на бегалци во светот достигна рекордни 70 милиони луѓе
Обединетите нации соопштија дека бројот на бегалци во светот го достигна рекордот. Во моментот според ОН, 70 милиони луѓе се водат како бегалци, број којшто не е забележан уште од втората светска војна.
Пред светскиот ден на хуманитарноста, во соопштението на германскиот огранок на УНХЦР, се наведува дека луѓето бегаат од војните, прогонот и последиците од глобалното затоплување.
Минатата година биле убиени или повредени 12.000 деца според хуманитарната организација СОС Детско село. Илјадници биле киднапирани, дел од децата станале војници а стотици илјади од децата се со сериозни трауми.
Податоците на хуманитарната организација покажуваат дека најголем број убиени или повредени деца се регистрирани во Авганистан, Сирија и Јемен.
