ОН: Богатите држави се далеку од справувањето со сиромаштијата
Богатите држави се далеку од справувањето со сиромаштијата и нееднаквоста, сметаат од Обединетите нации.
Германија и Велика Британија се европските земји, кои се справиле најдобро со поставените цели од ОН за решавање на загрозувачките проблеми во светот. Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Швајцарија ги заземаат првите места.
Повеќето од најбогатите земји во светот не успеваат да добијат добри оценки за својот напредок во постигнувањето на целите на ОН, за ставање крај на сиромаштијата и нееднаквоста.
САД се рангирани на 25-то место од 149 земји. Земјите-членки на ОН се согласија во септември лани да ги исполнат 17 амбициозни цели за справување со загрижувачките проблеми во светот како нееднаквост, сиромаштија и климатски промени. Поставените цели треба да се реализираат во следните 15 години.
