ОН побара 1,5 милијарди долари за Сирија
ОН ги повика денеска меѓународните донатори да дадат 1,5 милијарди долари, како помош за Сиријците, кои страдаат од лошата хуманитарна ситуација во земјата. Ова е првпат светската организација повикува за толку голема финансиска помош на краткорочен план.
Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) соопшти дека има потреба од една милијарда долари за вкупно еден милион бегалци, кои се очекува да ја напуштат Сирија до средината на следната година.
Исто така службата на ОН за координирање на хуманитарните прашања повика за дополнителни 519 милиони долари, со кои ќе бидат обезбедени, храна, засолниште и медицинска помош во Сирија, како и обновување на инфраструктурата.
Слично
