OMV во 2016 година ќе вработи 1.600 нови работници
Поради планираниот раст на истражување и производство на нафта и природен гас, на меѓународната нафтена и гасна компанија „OMV“ до 2016-та година ќе вработи околу 1.600 нови работници, технички персонал, особено лица со универзитетски дипломи и искусни експерти.
Како што информира претседателот на извршниот одбор на „OMV“, Герхард Ројс, компанијата во 2011-та година го ставила својот фокус на истражување и производство, што имало позитивно влијание врз пазарот на труд.
„Ќе ни бидат потребни 1.600 нови работници поради постигнувањето на планираниот раст. Бараме мотивирани поединци со позадина на полето на техниката и заинтересираноста за работа во некои од највозбудливите места на светот“ - посочи Ројс.
„OMV“ има намера да ги исполни националните и интернационалните барања за нови вработени и не се во потрага само по искусни работници во овие области, туки и за дипломци од геонауката и нафтеното инженерство, давајќи им на тој начин шанса на младите инженери да започнат кариера на полето на техниката.
Слично
