OMV продолжува со производството на нафта во Либија
Производството на нафта во Либија, кое австриската нафтена-гасна компанија OMV го прекина на 25 јуни поради немирите во земјата, ќе продолжи, информираат од OMV.
Како што пренесува ИТАР-ТАСС, производството било оживеано на 12 јули и сега го достигнало нормалното ниво од 30.000 барели условно гориво на ден.
На либиските наоѓалишта се паѓаат речиси 10% од вкупниот принос на OMV, па во 2012 година при заедничка продукција на 303.000 барели условно гориво дневно, 30.000 барели доаѓаат токму од оваа северноафриканска земја.
Слично
