Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМИЛЕНАТА СЛИКА НА ЗЕЛЕНСКИ Е ТАА НА КОЈА КРЕМЉ ГОРИ: Дело е на грузиски уметник и ја налути Москва

ОМИЛЕНАТА СЛИКА НА ЗЕЛЕНСКИ Е ТАА НА КОЈА КРЕМЉ ГОРИ:  Дело е на грузиски уметник и ја налути Москва

Руските власти се бесни откако се појави фотографијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски како позира пред слика на која е прикажан Кремљ како гори. Фотографијата ја објави магазинот „Тајм“ и тоа предизвика гнев во Москва.

„Не би коментирал. Претпоставувам дека ова на најдобар начин го илустрира нивото на духовен развој и внатрешната состојба на оној кој позира пред такви слики. Во секој случај, тоа не е во интерес на тие кои снимаат и објавуваат, како ниту на тие кои позираат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Сликата на која е прикажан Кремљ како гори е од 2022 година на грузискиот уметник Сандро Антаѕе. Таа е именувана – „Сон“, а Зеленски изјавил дека му е омилена.

„Тајм“ објави дека над креветот на Зеленски има три слики. На едната е прикажан руски воен брод кој тоне во Црно Море, на другата се прикажани украински војници во борба на руска територија и на третата е илустриран Кремљ како гори.

Русија и Украина повеќе од три години се во војна. 

Слично

Поврзани вести