Омилената банкнота на “нечистите“ пари
Највредната банкнота на еврото многумина ја виделе само на телевизија-а и таму најчесто во рацете на злосторниците.
Затоа се слушаат и повиците за укинување на банкнотата од 500 евра, бидејки тоа е омилената банкнота на “нечисти“ пари.
Денес се, се плаќа со “пластика“, картички...Зошто тогаш воопшто да имаме големи апоени?
По правило, бензинските пумпи воопшто не примаат банкнота од 500 евра и во продавниците можете да имате проблем. А секако и на каса секој ќе запомни кој платил со петстотка.
Но постои и сектор каде банкнотата од 500 евра е и те како практична: кај криминалците. За дрога, проституција или корупција тие пари многу брзо можат да се соберат и воедно да се сокријат од полицијата и даночниците.
Вакво е мислењето и на британската агенција за организиран криминал која проценува дека 90 отсто од банкнотата 500 евра во Велика Британија ја користат личности од другата страна на законот.
Слично
