ОМИКРОН ОДНЕСЕ НОВИ ЖРТВИ: Шестмина починати во еден ден, во Лондон вонредна состојба
Градоначалникот на Лондон Садик Кан прогласи состојба на „голем инцидент“ во британската престолнина поради брзото ширење на корона вирусот омикрон.
Голем инцидент е тип на вонредна состојба во ОК „со низа сериозни последици кои бараат посебни аранжмани да се спроведат од една или повеќе агенции за итни случаи“.
Епидемиолошката состојба во земјата драстично се влошува, а бројот на смртни случаи од соеви омикрон денеска е зголемен од еден на седум.
Бројот на болнички приеми во Англија за лица со потврден омикрон се зголеми на 85 од 65.
Кан рече дека е „екстремно загрижен“ поради брзото зголемување на бројот на заразени со варијантата омикрон во тој град, пренесоа британските медиуми.
Кан додаде дека омикрон сега е „доминантна варијанта“ во Лондон и дека е загрижен поради бројот на отсуства од работа на медицинските работници, како и на вработените во противпожарната служба и полицијата.
„Тоа е голем проблем. Имаме голем број на заразени во Лондон, што доведува до отсуство од работа во јавните служби, кои потоа не функционираат на оптимално ниво“, изјави Кан, а пренесува Скај њуз.
Извор: Блиц.рс