Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМИКРОН МОЖЕ ДВА ПАТИ ДА ЗАРАЗИ ЕДНО ЛИЦЕ: На удар здравствените работници и семејствата со деца-најново истражување

ОМИКРОН МОЖЕ ДВА ПАТИ ДА ЗАРАЗИ ЕДНО ЛИЦЕ: На удар здравствените работници и семејствата со деца-најново истражување

Најновото истражување покажува дека дури две третини од луѓето кои неодамна биле заразени со омикрон во Велика Британија и претходно ја имале инфекцијата. Првите резултати ги откриваат и групите кои први се разболеле, односно оние кои имаат поголема веројатност повторно да се заразат со корона вирусот.

Станува збор за здравствени работници и семејства со деца.

Една од главните карактеристики на омикронот е тоа што го заобиколува имунитетот предизвикан од вакцини или стекнат со претходното прележување, така што има случаи кога луѓето можат да се заразат со овој вид повеќе пати.

- Можете да го добиете Омикрон двапати! Нема сомнеж - изјави проф. Стенли Вајс, повикувајќи се на неодамнешното истражување на виролог од Јужна Африка, каде за прв пат се појави омикрон, а во извештајот се вели дека во земјата има реинфекции токму со омикрон.

-Ова е особено можно ако инфекцијата што сте ја имале била блага и немате силен имунолошки одговор, а сепак сте изложени на голема доза на вирусот“, се согласува проф. д-р Томас Русо, раководител на Одделот за заразни болести на Универзитетот во Бафало.

Повеќето лекари, сепак, се уште се внимателни овде. Има премалку податоци дека од истата варијанта може да се зарази една индивидуа за толку кратко време, па затоа повеќе се склони да толкуваат како да се работи за продолжена инфекција, а не за реинфекција.

Ова е особено можно, велат експертите, кај луѓе со ослабен имунитет. Кај овие лица, ПЦР тестот може да биде позитивен три месеци по првиот тест.


Слично

Поврзани вести