Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМИКРОН ЌЕ ЗАРАЗИ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ЛУЃЕТО ВО ЕВРОПА ВО НАРЕДНИТЕ НЕДЕЛИ: Сè уште сме под силен удар на ковид, предупредува СЗО

ОМИКРОН ЌЕ ЗАРАЗИ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ЛУЃЕТО ВО ЕВРОПА ВО НАРЕДНИТЕ НЕДЕЛИ: Сè уште сме под силен удар на ковид, предупредува СЗО

Се предвидува дека варијантата омикрон ќе зарази повеќе од половина од населението во Европа во следните шест до осум недели, изјави денеска д-р Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа.

„Влеговме во 2022 година, а земјите од Европа и Централна Азија сè уште се под силен притисок на вирусот. Денес, омикронската варијанта претставува нов бран од запад кон исток кој се шири низ регионот. Со оваа стапка, Институтот за мерење и евалуација на здравјето предвидува дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во следните 6 до 8 недели, рече Клуге на денешната прес- конференција.


Слично

Поврзани вести