Oмикрон ја „освојува“ Шпанија
Сојот омикрон ја „освојува“ Шпанија, а дека тоа е така покажува и фактот дека дури 60 отсто од новите инфицирани во главниот град Мадрид се со омикрон.
Во Каталонија на омикрон отпаѓаат петтина од инфекциите, поради што се воведени нови мерки. Тоа значи дека од понеделник секој што бил во близок контакт со позитивно лице ќе мора да оди во изолација десет дена, без разлика дали се вакцинирани или не.
Судот во Андалузија денеска му даде зелено светло на регионот да бара вакцинирање или негативни тестови за влез во барови, ресторани, како и во рекреативни објекти.
Веќе неколку седмици расте бројот на заразени во земјава. Во 2022 година се очекува дека омикрон, сојот кој се појави во Јужна Африка ќе доминира во Европа. Засега е присутен во над 80 држави.
