Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМИКРОН ИМА МНОГУ КРАТОК ПЕРИОД НА ИНКУБАЦИЈА: Вака многу тешко може да се контролира, предупредуваат епидемиолозите

ОМИКРОН ИМА МНОГУ КРАТОК ПЕРИОД НА ИНКУБАЦИЈА: Вака многу тешко може да се контролира, предупредуваат епидемиолозите

Светската здравствена организација процени дека инкубацијата по инфекцијата со корона вирус е меѓу два и 14 дена, но се смета дека периодот на инкубација на омикрон е значително пократок, односно трае само од три до пет дена, објави „Индепендент“.

-Пократкиот период на инкубација го прави вирусот „многу, многу потежок за контрола“, изјави Џенифер Нуцо, епидемиолог од Центарот за здравствена безбедност на Универзитетот Џон Хопкинс.

-Неодамнешните анализи на британската агенција за здравствена безбедност покажуваат дека периодот помеѓу инфекцијата и симптомите е пократок во омикрон отколку во делта“, потврди и  британскиот министер за здравство Саџид Џавид за Independent.uk.

-Тоа би објаснило зошто се шири толку брзо и успешно, бидејќи краткиот период на инкубација им дава на заболените пократко време помеѓу сомневањето дека се заразиле со вирусот и до разгорувањето на болеста, што ја прави помала веројатноста дека позитивен резултат од тестот ќе биде забележан во време додека да ги предупредитеоние со кои сте биле во контакт и да влезете во изолација и да спречите пренесување на заразата, велат од СЗО.

Од СЗО исто така посочуваат дека се потребни повеќе податоци за да се утврдат неговите прецизни карактеристики и како реагира на постоечките вакцини против корона вирусот, но она што се чини, како што посочуваат од СЗО е дека, омикрон несомнено е попренослив од сите претходни соеви што се појавија во текот на пандемијата досега, вклучително и Алфа и Делта варијантите.

Омикрон е откриен во најмалку 89 земји до денес, заради што дел од земјите, односно Холандија, Германија и Јужна Кореја повторно воведоа меркинајстроги мерки за да го забават неговото ширење.


Слично

Поврзани вести