Економија, финансии, бизнис

Контакт

Омикрон ги поттисна другите соеви, потврди СЗО

Омикрон ги поттисна другите соеви, потврди СЗО

Се намалува бројот на заразени со коронавирусот во светот. 

Бројот на нови случаи на коронавирус се намали за 19 отсто минатата недела, додека бројот на починати остана стабилен. Ваква состојба покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Минатата недела во светот се пријавени нешто повеќе од 16 милиони нови заразени со коронавирус и околу 75.000 смртни случаи, објави АП.

Западниот Пацифик беше единствениот регион кој пријави зголемување на бројот на новозаразени за околу 19 отсто минатата недела, а Југоисточна Азија забележа пад од околу 37 отсто, што е најголем потврден пад на бројот на нови случаи во светот. Бројот на починати се зголеми за 38 отсто на Блискиот Исток и околу 33 отсто во западниот Пацифик, а најголем број на нови случаи има во Русија. Соевите алфа, бета и делта се потиснати од варијантата омикрон. Во над 400.000 примероци на коронавирус внесени во најголемата светска база на податоци за вируси минатата недела, повеќе од 98 проценти се соеви на омикрон.

Многу земји во светот ги олеснија ковид мерките. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести