ОМИКРОН Е СОЗДАДЕН ВЕШТАЧКИ? Научникот Максјутов кажа дека не е проблем да се програмира сој со многу мутации
Директорот на
рускиот научен центар „Вектор“, Ринат Максјутов вели дека новата варијанта на
корона вирусот - омикрон може да се создаде во лабораторија, но истовремено
изјави дека не сака да верува дека такви работи не се прават.
-Технички не е проблем да се програмира сој со голем број мутации, но кому и зошто тоа може да му треба? Сакам да верувам дека никој во светот свесно не прави такви работи, рече Максјутов.
СЗО се уште нема целосни податоци за новиот вид, но според досегашните информации од повеќето земји каде што омикрон варијантата станува доминатна, сојот се шири три пати побрзо од претходниот делта кој потекнува од Индија и за кратко време може да стане доминантна варијанта во светот, не само во поединечни земји.
