Омикрон е опасен, а СЗО објасни зошто е тоа така
Опасноста од омикрон не треба да се занемарува. Ризикот од омикрон останува многу висок, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
Додаваат дека омикрон е многу заразен што води со зголемени хоспитализации и продолжување на притисокот врз здравствениот систем.
Велат дека омикрон расте многу побрзо од делтата, што доведува до големо ширење во заедницата.
„Потребни се повеќе податоци за да ја сфатиме јачината на сојот, според количината на потрошениот кислород, употребата на респиратори и бројот на смртни случаи од омикрон“, се вели во соопштението на СЗО.
Омикрон се појави во Јужна Африка, а сега доминира во многу европски земји. Тој веќе има и свој подвид кој се шири во светот.
Слично
