Економија, финансии, бизнис

Контакт

Омикрон е мистерија и за СЗО

Омикрон е мистерија и за СЗО

Омикрон и натаму е мистерија. 

„Светската здравствена организација(СЗО) се уште нема доволно податоци за новиот сој на коронавирус омикрон за да објави дека е попренослив од сојот делта“, изјави денеска техничкиот шеф на СЗО за Ковид-19, Марија Ван Керкове.

Ван Керкове предупреди дека не треба да се извлекуваат заклучоци од првите податоци, затоа што овој сој не циркулира доволно долго кај населението, особено кај ранливите популации.

„Имаме некои податоци кои покажуваат дека стапките на хоспитализација се пониски“, рече таа. 

Британско-шведскиот производител на лекови АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд соопштија дека развиваат нова верзија на нејзината вакцина со две дози која ќе обезбеди заштита конкретно од новата омикрон варијанта на коронавирусот.

Јужна Африка објави официјални податоци за случаите на ковид кои ги предизвикал омикрон сојот.

Но, научниците предупредуваат дека искуството од Јужна Африка не би требало да се пренесува на други земји, пред се поради младоста на населението во оваа земја. Просечната старост во Јужна Африка е 27,6 години. 

Слично

Поврзани вести