Омикрон е двојно позаразен од делта-сојот
Омикрон е двојно позаразен од делта-сојот, предупредуваат американски научници.
Истражувачите од Општата болница во Масачусетс, Харвард и Технолошкиот институт во Масачусетс oбјавија дека омикрон е веројатно позаразен од претходните соеви и е двојно позаразен од моментално доминантниот делта сој. Научниците утврдиле дека неутрализирачките тела се слаби или отсутни кога станува збор за омикрон по две дози вакцини, меѓутоа, примерок од крв на еден од учесниците во студијата, кој добил и бустер доза, покажал силна имунолошка отпорност на омикрон.
Сојот Омикрон на коронавирусот се очекува да стане доминантна варијанта во Европска Унија до средината на јануари, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Јужноафриканската докторка Анџелика Кеце која го откри сојот вели тој има поблаги симптоми од делта.
Слично
