Оливер Стоун: Срамна е одлуката за блокирање на сметките на Раша Тудеј
Прочуениот режисер Оливер Стоун во интервју за британскиот канал на Раша Тудеј оцени дека е навистина срамно што се блокираат сметките бидејќи граѓаните имаат право да ја чујат вистината или барем другата страна на приказната.
„Раша Тудеј секогаш била одговорна, имате факти, прикажувате снимки кои се докази. Можеби сте им закана. Ве оценуваат како пропагандисти, но јас ги читав лондонските весници и се прашувам кој навистина е пропагандист. Се чини дека се води медиумска војна, но срамота е бидејќи вистината се жртвува, британските граѓани не ги добиваат вестите, што не е возможно ако не дозволите различен поглед на нештата“, посочи режисерот Стоун во интервјуто со Афшин Ратасани.
Стоун проценува дека ако сакате да креирате непријатели тогаш мора да знаете кои се тие. Токму затоа тој си ја доведе кариерата во опасност правејќи документарни филмови со Фидел Кастро, Хуго Чавез и Владимир Путин.
