Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oлимписките објекти во Сочи искористени за неосновани трошоци

Oлимписките објекти во Сочи искористени за неосновани трошоци

Руските ревизори открија за време на контролата на трошоците за изградба на олимписките објекти во Сочи дека неосновано се потрошени 15,5 милијарди рубљи (375 милиони евра), напиша во официјалниот извештај шефот на Ревизорскиот завод, Сергеј Степашин.

- Проверките покажаа дека официјалните претставници на претпријатието „Олимпстрој“ неосновано ги зголемиле трошоците за изградба на спортски објекти за 15,5 милијарди, нагласи Степашин.

Неоснованите трошоци се утврдени при проверка на цените на изградбата на патеки за боб и за санки, како и изградбата на арени за спортови на мраз.

Рускиот заменик-премиер Дмитриј Козак изјави претходно дека трошоците за изградбата надминале 1,5 трилиони рубљи, додека рускиот претседател Владимир Путин упати критика за процесот на работите во Сочи. Путин на почетокот на минатиот месец побара смена на заменик-претседателот на националниот Олимписки комитет, Ахмед Билалов.

Зимските олимписки игри во Сочи ќе се одржат од 7 до 23 февруари 2014 година.

Слично

Поврзани вести