Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ПАРИЗ: Израелските спортисти добиле закани

ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ПАРИЗ: Израелските спортисти добиле закани

На Олимписките игри кои се одржуваат во Париз, спортистите од Израел добивале закани. 

Олимпискиот тим на Израел објави денеска дека неколку спортисти добиле закани додека се натпреваруваат во Париз во услови на зголемени тензии поради војната во Појасот Газа и заканата од поширок регионален конфликт на Блискиот Исток.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Израел, Јаел Арад, изјави дека членовите на тимот добиле „централизирани“ закани со цел да предизвикаат „психолошки терор“ меѓу спортистите. Тој не даде повеќе детали.

Обвинителството во Париз минатата недела отвори истрага за смртни закани испратени до израелски спортисти по електронска пошта, а националната агенција за сајбер криминал го истражува протекувањето на лични податоци на некои израелски спортисти на интернет, кои оттогаш се отстранети. Олимписките игри кои почнаа на 26 јули ќе траат до 11 август.

Палестинската терористичка група Хамас лани на 7 октомври го нападна Израел и војната уште трае. 

Слично

Поврзани вести