Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оли Рен: Мора да се штеди

Оли Рен: Мора да се штеди
Земјите од ЕУ мораат да продолжат со намалување на буџетските дефицити за да излезат од кризата, и покрај оценките на ММФ дека таквата политика се заканува да ја ослабне нивната економија,изјави во Брисел Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.
- Пребрзото намалување на дефицитот може да биде контрапродуктивно за презадолжените држави, како што е Грција, оцени неодамна ММФ.
Според Рен студијата врз која е заснована најновата оценка на ММФ датира од октомври минатата година и во неа се вклучени комплетните податоци, како и дека го предвидува фактот дека инвеститорите очекуваат од владите намалување на јавниот долг.
- Треба да се земе предвид моментот на доверба, истакна еврокомесарот, додавајќи дека влијанието на мерките за штедење се разликува од држава до држава.
Тој оцени дека благодарејќи на преземените резови, буџетските дефицити станале поприфатливи, а државните долгови поодржливи, но потребно е да се направат натамошни напори со цел да се намалат се уште високите државни долгови.
Слично

Поврзани вести