Олеснети ковид мерките во Северна Кореја, велат вирусот е под контрола
Властите во Северна Кореја ги олеснуваат ковид мерките.
Тие ја укинаа забраната за движење во главниот град Пјонгјанг за прв пат по регистрирањето на коронавирусот пред неколку недели, објавија државните медиуми. Севернокорејските власти велат дека ситуацијата со вирусот сега е под контрола.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун разговараше со високи севернокорејски претставници за олеснување на строгите мерки.
Северна Кореја во неделата регистрирала 89.500 пациенти со симптоми на треска, со што вкупниот број на такви случаи се искачи на 3,4 милиони. Властите не соопштија дали има уште починати. Поради епидемијата, земјата воведе карантин низ целата земја, изолација на сите работни и станбени единици и забрана за меѓурегионални патувања. Северна Кореја беше една од ретките држави каде долго време немаше случаи на коронавирусот. Над 25 милиони луѓе во светот починаа од овој вирус.
