Економија, финансии, бизнис

Контакт

Олена Зеленска објасни зошто одлучиле да дадaт интервју и да направат фотографии за Вог

Олена Зеленска објасни зошто одлучиле да дадaт интервју и да направат фотографии за Вог

Ја користам секоја прилика да зборувам за Украина, вели сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска откако имаше критики за нивната фото сесија за Вог. 

Таа вели дека Украинците се стремат да живеат нормално во делови од земјата кои се ослободени од руски војници.

„Ова беше голема можност. Милиони го читаат Вог и моја должност беше да разговарам директно со нив. Патем, не сум навикнатa на внимание. Сите се бориме и тоа е наша работа. И јас морам да ја работам таа работа“, изјави Олена во интервју за Би-Би-Си.

За потсетување, Олена Зеленска се најде на насловната страница на најновото издание на Вог. Во интервјуто заедно со сопругот, тие зборуваа за себе, за својот брак и за војната. 

Некои сметаат дека оваа приказна не е вистинското време, а други сметаат дека е оправдана. Коментарите под фотографиите беа бурни. „Дали е ова шега“, „Професионално фотографирање во воена зона?“, „Таа се фотографира додека луѓето умираат!“

Слично

Поврзани вести