Економија, финансии, бизнис

Контакт

Олбрајт: Путин е навистина зол човек, сака да ја раздвои Европа

Олбрајт: Путин е навистина зол човек, сака да ја раздвои Европа

Целта на рускиот претседател, Владимир Путин е да ја поткопа и раздвои Европа, предупреди поранешниот државен секретар на САД, Медлин Олбрајт .

„Владимир Путин е умен, но навистина зол човек. Агент на КГБ, кој сака да врши контрола и смета дека сите заговараат против Русија“ - вели таа.

Според Олбрајт , Русија прво провоцира, а потоа се чувствува навредена. Тоа е земја со криза на идентитетот, додава таа.

„Путин испрати војска во Сирија, за да го одвлече вниманието од Украина и да го зголеми своето влијание на Блискиот Исток. Главната цел е да се демонстрира моќта на Русија. Тој сака да го протера НАТО од својата сфера на влијание"- изјави Олбрајт.

Првичниот  успех на Путин, според поранешниот државен секретар на САД, се должи на високите цени на нафтата. Сега, откако поевтини, Путин се обложува на национализмот, за да го одвлече вниманието на Русите од внатрешните проблеми, објаснува Олбрајт.

Слично

Поврзани вести