Оланд тврди – еврозоната повеќе не е во криза
Францускиот претседател Франсоа Оланд од Токи порача дека должничката криза во еврозоната завршила иако предупреди дека треба да се преземат чекори за стимулирање на растот во единствената монетарна унија и да се подобри конкурентноста.
Оланд уверува дека Европа станува посолидна, а европските власти разработиле средства кои ја гарантираат стабилноста и солидарноста на 17-члената еврозона.
Францускиот претседател презеде ангажман да дејствува активно за склучување економски договор меѓу Јапонија и ЕУ, за да може растот да биде одржкив и во двата региони.
Слично
