Оланд: Траен мир или ни следи војна
Францускиот претседател Франсоа Оланд вели дека мировната иницијатива на него и германската канцеларка Ангела Меркел веројатно се последни обиди да се стави крај на војната во Украина.
Како што пренесува „Раша тудеј“ според зборовите на Оланд, ова е една од последните шанси да се дојде до мир во Украина и дека тоа е причината поради која е преземана мировната иницијатива.
„Ако не најдеме компромис, поголем и траен мировен споразум, ние многу добро знаеме што е следно сценарио. Тоа има име, се вика војна“, рекол Оланд.
Тој тоа го кажал бидејќи се вратил од Москва каде вчера со рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел пет часа разговарале за Украина, обидувајќи се најдат решение за таа земја. Тие подоцна на новинарите ништо не им кажале за нацртот на можната спогодба.
Германската канцеларка денеска рече дека верува дека Украинската криза не смее воено да се решава.
Западните медиуми пренесоа дека примирјето, раздвојувањето на судирните страна, размесување на „плави шлемови“ на ОН и преговори за федералзација на земјата, слични како Дејтонм веројатно биле клучни точки на мировниот план.
