Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оланд: Терористичката мрежа зад атентатите во Брисел и Париз е речиси уништена

Оланд: Терористичката мрежа зад атентатите во Брисел и Париз е речиси уништена
Џихадистичката терористичка мрежа која стои зад нападите во Париз и Брисел „е во процес на уништување“, но други такви мрежи остануваат како ризик. Тоа го предупреди францускиот претседател Франсоа Оланд. „Ние добиваме резултати во пронаоѓањето на терористите, како и во Брисел, така и во Париз, постојат голем број апсења, а знаеме дека има и други мрежи“, изјави уште шефот на државата. „Иако оваа мрежа, која е одговорна за нападите во Париз и Брисел, е во процес на уништување ... уште има сериозна закана“, додаде тој. Во четвртокот француската го полиција уапси 34-годишниот Реда Крикет во Париз под обвинение за планирање на терористички напад и врски со Абделхамид Абауд - еден од наводните водачи на терористичките напади од 13-ти ноември во француската престолнина. Претходно денеска три лица беа приведени во Брисел посочија од белгиското обвинителство. „Нашата прва цел е Сирија. Не треба да го заборавиме и Ирак. Да не го заборавиме и прашањето со бегалците. Сакаме да сме сигурни дека правата за азил се почитуваат целосно и во исто време (сакаме да сме сигурни) дека можеме да ги контролираме нашите надворешни граници“, додаде Оланд.
Слично

Поврзани вести