Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оланд: Санкциите за Русија треба да се повлечат

Оланд: Санкциите за Русија треба да се повлечат
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изјавил дека санкциите кои западноевропските земји ги воведоа за Русија треба да се укинат доколку дојде до напредок во решавање на кризата во Украина. „Мислам дека санкциите треба сега да се укинат. Тие мора да бидат отстранети доколку дојде до напредок. Доколку пак напредок нема, санкциите и понатаму остануваат на сила“, истакнал Оланд во интервју за Француското радио, пренесува „АФП“. Изјавата на Оланд доаѓа откако во неделата германскиот вицеканцелар и министер за економија, Зимар Габриел, предупреди дека силните санкции би можеле да ја дестабилизираат ситуацијата во Русија и да ја турнат земјата во Хаос. Според Габриел ваквото сценарио не е во интерес на Европа. „Целта никогаш не беше Русите политички и економски да се турнат во хаос, туку Москва да се врати на преговарачка маса“, рекол Габриел во интервју за весникот „Билд“. „Кој и да го посакува тоа ќе предизвика многу поопасна ситуација за сите нас во Европа“, додал тој потсетувајќи дека Русија е нуклеарна сила. Според него, оние кои сакаат уште да ја дестабилизираат Русија, економски и политички, тие се водат од сосема поинакви интереси. Некои претставници на САД и Европа сакаат да го видат својот стар ривал на колена, но „тоа не е во интерес на Германија, ниту пак на Европа“, нагласил Габриел. „Ние сакаме да помогнеме да се реши конфликтот во Украина, а не да ја натераме Русија да падне на колена“, заклучил германскиот вицеканцелар.    
Слично

Поврзани вести