Оланд: Русија не е ниту непријател, ниту закана!
Северноатлантската алијанса мора не само да ја зајакнува одбраната, но и по пат на дијалог да бараат решенија на околните закани, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда, на отворањето на самитот на НАТО во Варшава.
„Опкружени сме од непријатели, од закани, и затоа треба да се фокусираме само на одбраната и зголемувањето на подготвеност, но и да бараме решенија по пат на дијалог"- истакна тој.
Русија не е ниту непријател, ниту закана, истакна францускиот претседател Франсоа Оланд при пристигнувањето на средбата, наведува Франс прес.
„НАТО воопшто нема за цел да врши притисок врз односите кои Европа треба да има со Русија, а за Франција Русија не е ниту противник, ниту закана"- изјави Оланд.
Според него, Русија е партнер кој, навистина, понекогаш може и тоа се виде со Украина - да користи сила. Ние ги осудивме нејзините дејства на Крим и бараме решение за кризата во Украина, додава францускиот претседател.
Претседателот рече дека е потребно другите европски земји да го преземат својот дел од товарот на борбата против тероризмот.
По бранот напади во 2015 година, Франција ги зголеми средствата за одбрана и ќе продолжи да го прави тоа и во 2017 година. Останатите треба да направат ист напор, категоричен е Оланд.
