Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оланд потврди дека египетскиот авион се урнал

Оланд потврди дека египетскиот авион се урнал

Францускиот претседател Франсоа Оланд потврди официјално дека исчезнатиот авион на „Egyptair“ се урнал.

На специјална прес-конференција тој ја предложи помошта на Франција во расветлувањето на инцидентот и изрази сочувство на роднините на загинатите патници.

„Нашите информации потврдија дека авионот се урнал. Во него имало 66 патници, вклучувајќи го екипажот. Меѓу нив имало 15 франзуци“, рече тој.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/CNNTonight/status/733134842578210816?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

„Наша должност е да дознаеме што се случило. Треба да испратиме бродови и авиони, за да дознаеме каде се урнал авионот“, додаде францускиот претседател.

Тој не ја исклучи верзијата инцидентот да е терористички напад и изрази уверување дека вистината ќе излезе на виделина.

Претходно египетскиот премиер Шериф Исмаил исто така ја посочи можноста за терористички напад на исчезнатиот авион во небото над Медитеранот, пренесе РИА Новости.

Шефот на египетскиот кабинет изјави дека „е премногу рано да се зборува за причините за исчезнувањето на авионот“, истакнувајќи дека не ја исклучува можноста за терористички напад .

Слично

Поврзани вести