Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оланд: Нема причина за прекин на санкциите против Русија

Оланд: Нема причина за прекин на санкциите против Русија

„Причина за укинување на режимот на санкции против Русија во моментов нема“, изјавил францускиот претседател Франсоа Оланд на средбата на Г-7 во Баварија, пренесоа агенциите.

„Во моментов нема причина санкциите да бидат укинати“, изјавил францускиот лидер.

Според него по секоја веројатност на Советот на ЕУ европските лидери ќе поднесат предлог за продолжување на санкциите до крајот на годината. Истовремено Оланд не ја исклучува можноста за построги санкции во врска со украинската криза.

„Ако биде јасно дека Русија продолжува да испорачува оружје и одржува воено присуство во источниот дел на Украина, и ако се покаже дека во источните региони не се преземат мерки според Минскиот договор, тоа може да послужи за заострување на санкциите“, изјавил Оланд.

Тој изразил уверување дека дијалогот со Русија треба да продолжи.

„Контактите со Русија треба да продолжат. Ако Русија не е поканета на оваа средба, тоа не значи дека не е потребен дијалог со неа“, изјавил францускиот лидер, додавајќи дека Г-7 има проширен формат - Г-20 .

Слично

Поврзани вести