Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оланд: Нема да има климатски договор, ако тоа не е обврзува

Оланд: Нема да има климатски договор, ако тоа не е обврзува

Нема да има договор на меѓународно ниво за ограничување на штетните емисии во воздухот, освен ако не се обврзувачки, предупреди францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Ако договорот не е обврзувачки, нема да има консензус“, изјавил Оланд за време на одвивањето на средбата помеѓу африканските и европските лидери во Малта.

Неговата изјава доаѓа како одговор на изјавата на државниот секретар на САД, Џон Кери дека заеднички дејствија против климатските промени нема да ги вклучуваат и обврзуваат државните договори за ограничување на штетните гасни емисии.

Меѓународната конференција по повод штетното влијание на климатските промени врз животната средина ќе се одржи во француската престолнина Париз на 30 ноември.

На состанокот ќе присуствуваат претставници на повеќе од 100 земји, вклучувајќи ги претседателите на САД и Русија, Барак Обама и Владимир Путин, како и кинескиот министер.

Слично

Поврзани вести