Оланд ќе и стави клуч на најстарата нуклеарна електрана во Франција
Во 2016 година ќе запре со работа најстарата француска нуклеарна електрана во Фесенхаим која почна со работа во 1978 година, објави францускиот весик „Le jourmal du dimanche“, повикувајќи се на изјава на францускиот министер за екологија, Филип Мартен.
Cо гаснењето на најстарата нуклеарна електрана, како што посочил Мартен, ќе биде исполнето предизборното ветување на актуелниот претседател Франсоа Оланд.
Претседателот на Франција, Оланд се залага за намалување на уделот на нуклеарките во производството на електрична енергија од 75% на 50% до 2025 година.
Слично
