Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оланд: „Исламска држава“ и објави војна на Франција

Оланд: „Исламска држава“ и објави војна на Франција

Терористичката група „Исламска држава“ и објави војна на Франција. Оваа изјава беше направена од страна на претседателот на земјата Франсоа Оланд.

 „Исламска држава“ и објави војна на Франција. И сега ние треба да ја водиме оваа војна против ИД во согласност со важечките закони“, рече Оланд, кој пристигна во градот Сент Етјен ду Рувре. Францускиот претседател е придружуван од министерот за внатрешни работи Бернар Казнаов.

Претседателот го нарече подло убиството на 84-годишниот свештеник Жак Амелија. „Свештеникот од храмот во Сент Етјен ду Рувре беше убиен од двајца терористи од „Исламска држава“, рече Оланд.

Тој рече уште дека утре ќе се соберат на конференција претставниците на сите вери

Франсоа Оланд им се заблагодари на сите учесници во операцијата за ослободување на заложниците.

Денес во француското гратче Сент-Етјен ду Рувре во северната провинција Нормандија двајца мажи, вооружени со ножеви, држеа заложници во црква во градот и го убија свештеникот Жак Амелија, пред да бидат убиени од полицијата.

Други тројца од парохијата се повредени, е пријавено во коминикето на архиепископот на Руан. Едниот од нив е во многу тешка состојба - „помеѓу животот и смртта“, соопшти портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести