Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оланд го покани Путин да го посети Париз

Оланд го покани Путин да го посети Париз

Францускиот претседател, Франсоа Оланд го поканил својот руски колега, Владимир Путин да го посети Париз во октомври.

Ова го соопшти рускиот амбасадор во Франција, Александар Орлов.

„Дијалогот меѓу Русија и Франција е активен на сите нивоа, вклучувајќи и на политичко ниво"- истакна дипломатот и потсети дека францускиот министер за надворешни работи, Жан-Марк Еро ја посетил Москва во април.

„За последен пат државниците  се состанаа минатата есен, кога нашиот претседател беше на средбата за климатските проблеми, што се одржа во Париз"- рече амбасадорот.

Билатералните контакти меѓу рускиот претседател и неговите европски колеги значително се намалија, откако Русија го присвои Крим во март 2014 година. Во последно време меѓу земјите од ЕУ се повеќе се засилуваат позициите за поништување на наметнатите на Русија санкции. Франција традиционално се смета за една од земјите која е приврзаник на слична политичка линија.

Слично

Поврзани вести