ОЛАНД: ЕУ не е шведска маса секој да си зема што сака!
Претседателот на Франција Франсоа Оланд во Брисел после постигнатиот договор на Велика Британија со Европската унија за нејзините реформи кои таа земја ги барала како би останала во Унијата рекол како треба да бидат спремни на се она што би можело да произлезе од референдумот во Велика Британија.
Оланд, кој рекол дека нема никакви забелешки дека Велика Британија на себе си , си „црта некој друг пат“ , истакнал дека тие други избори не би требало да го оневозможат напредокот на останатите.
„Европа не е систем на „шведска маса“, секој да си го зема она што го сака. Каква и да биде одлуката на британскиот народ, ние треба да бидеме спремни на неа“, рекол Оланд.
Говорејќи за сириската криза, Оланд рекол како терористичката организација ИСИЛ се бори на страната на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад , а не против него и дека има корист од самиот режим.
Францускиот претседател додал како неговата земја ќе продолжи со нападите на засолништата на ИСИЛ.
