Оланд: ЕК нема да и диктира на Франција што треба да прави
Францускиот претседател, Франсоа Оланд изјави синоќа дека Европската комисија нема да и диктира на Франција што треба да прави, откако Брисел од Париз побара оваа година да почне со реформи на пензискиот систем.
- Комисијата нема да ни диктира што треба да направиме. Едоставно Франција мора да ги среди своите јавни сметки, истакна шефот на државата за време на посетата на јужниот дел на земјата.
- Што се однесува до структурните реформи, вклучувајќи ги и пензиските, наше и само наше е да кажеме кој е вистинскиот начин за да се постигне целта, му порача претседателот на Брисел.
ЕК побара вчера од Франција да ги спроведе реформите, вклучувајќи ги и тие на пензискиот систем и на пазарот на труд, во замена на одобрувањето за одложување на две години на рокот за намалување на буџетскиот дефицит под три проценти.
Слично
