Економија, финансии, бизнис

Контакт

Окупиравме важно пристаниште во Мариупол, велат проруските сепаратисти во Доњецк

Окупиравме важно пристаниште во Мариупол, велат проруските сепаратисти во Доњецк

Окупиравме важно пристаниште во Мариупол, велат проруските сепаратисти во Украина. 

Лидерот на проруските сепаратисти во Доњецк,  Денис Пушилин изјави дека неговите сили целосно го окупирале пристаништето на стратешки важниот град Мариупол, во југоисточна Украина. 

„Што се однесува до пристаништето во Мариупол, тоа веќе е под наша контрола“, вели Пушилин.

Пушилин претходно изјави дека неговите сили ќе ги засилат напорите да го окупираат целиот украински регион Доњецк.

Украинските сили велат дека можеби ги чека последната битка за Мариупол против Русија. 

„Денеска веројатно ќе ја имаме последната битка, ни снемува муниција. Тоа ќе биде смрт за некои, а заробеништво за останатите“, објавија на Фејсбук. 

Мариупол е окупиран повеќе од месец дена. Градот е скоро целосно уништен. Најдени беа и масовни гробници. Денеска е 47-ми ден од почетокот на руската инвазија на Украина. 

foto EPA/Marcin Bielecki

Слично

Поврзани вести