Економија, финансии, бизнис

Контакт

Околу 70 загинати на улиците на Каиро

Околу 70 загинати на улиците на Каиро
Најмалку 70 лица се убиени рано утрово во Каиро, откако египетските безбедносни сили ги нападнаа поддржувачите на соборениот претседател Мохамед Морси, информираше портпаролот на Муслиманското братство Гехад Ел-Хадад, пренесува Дојче Веле. Судирот меѓу исламистите и полицијата се случил на североистокот од Каиро, каде приврзаниците на Морси протестираат четири недели. Полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, кои го блокирале главниот пат во тој дел од градот. Притоа се слушнало и пукање од непознат правец во областа на демонстрациите. Медиумите јавуваат за различен број на повредени и загинати во судирот меѓу полицијата и демонстрантите, кој се случи рано утрово. Судирот меѓу египетската полиција и приврзаниците на Морси се случи еден ден откако милиони Египќани излегоа на улиците како одговор на повикот од страна на армискиот шеф Абдел-Фатах ал-Сиси, луѓето да покажат дека не го поддржуваат Морси и да и’ дадат мандат на војската да се справи со „насилството и тероризмот“. Муслиманското братство и неговите исламистички приврзаници одговорија дека ваквиот повик е „објавување на граѓанска војна“. Морси, првиот демократски избран претседател на Египет, беше соборен од власт на трети јули и оттогаш во земјата се случуваат демонстрации, кои однесоа бројни човечки животи.
Слично

Поврзани вести