Економија, финансии, бизнис

Контакт

Околу 68% од говедското месо во Јужна Африка содржи месо од други животни

Околу 68% од говедското месо во Јужна Африка содржи месо од други животни

 Додека Европа ја тресе скандалот со коњско месо, инспекторите во Јужна Африка отркија дека дури 68% од говедското месо во земјата содржи погрешно декларирано месо од други животни, јави ДПА.

„ДНА тестовите покажуваат траги од месо од други животни во 68% од месото декларирано како говедско, се наведува во соопштението на тимот од Универзитетот Стеленбош, во близина на Кејптаун.

Најчести замени за говедското месо во колбаси и плескавици, е пилешко и свинско месо, но и голем број други видови како магариња, кози и биволи. Со тестирањето се опфатени 139 производи.

„Нашето истражување покажува дека погрешно декларирање на месото во Јужна Африка е честа појава и не само што ги прекршува прописите за декларирање на храна, исто така, има и еконмски, религиозни, етички и здрваствени влијанија“, изјави Лоув Хофман, професор на одделот за ветеринарни науки на Универзитетот.

Истражувањето е спроведено со употреба на ДНА-базирани молекуларни техники, по скандалот со коњско месо во производи означени како говедски во Европа.

Слично

Поврзани вести