Околу 600 заразени во Појасот Газа чекаат помош, СЗО е на потег
Во Појасот Газа има заразени луѓе со коронавирусот на кои им е потребна помош. Здравствениот систем е во колапс.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска побара пристап до пациентите во Појасот Газа и можност за нивна евакуација. Портпаролката на СЗО, Фадела Шаиб изјави дека околу 600 пациенти, вклучувајќи и некои со хронични болести, треба да бидат упатени надвор од палестинската енклава.
Во израелските воздушни напади на почетокот на овој месец се оштетени десетици здравствени центри, поради што СЗО предупреди на ризик од можно преоптоварување во овие установи. Напади имаше цели 11 дена, а сега е мирно во Појасот Газа.
Советот за човекови права на ОН вчера гласаше за отворање постојана меѓународна истрага за последниот конфликт во Газа и „систематските“ злоупотреби извршени од Израел против Палестинците.
