Економија, финансии, бизнис

Контакт

„30 ЗЕМЈИ САКААТ ПАРТНЕРСТВО СО БРИКС“ Лавров: Oрганизацијата ќе ја зајакне својата позиција

„30 ЗЕМЈИ САКААТ ПАРТНЕРСТВО СО БРИКС“ Лавров: Oрганизацијата ќе ја зајакне својата позиција

Околу 30 земји сакаат да воспостават партнерски односи со БРИКС, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на комисијата на Генералниот совет на партијата Единствена Русија за меѓународна соработка и поддршка на сонародниците во странство.

– Покрај оние земји кои веќе се приклучија во редовите на нашата асоцијација, денеска околу 30 земји сакаат да воспостават партнерство со БРИКС – рече министерот.

Според Лавров, желбата на многу земји да се приближат до унијата „е природна во услови кога БРИКС работи на вистинска демократска основа во која меѓусебно се почитуваат“.


– Ќе продолжиме да работиме на БРИКС за зајакнување на својата позиција како еден од столбовите на мултиполарниот свет – изјави шефот на руската дипломатија.

Според него, Буенос Аирес одвоил време да размислува за соработка со БРИКС, но интересот на земјите од Латинска Америка за асоцијацијата е многу сериозен.

Слично

Поврзани вести