Околу 30 милиони туристи го посетиле Париз во 2012 година
Рекордни 29 милиони туристи, во текот на 2012 година го посетиле Париз,соопшти Туристичкото биро на францускиот главен град.
Француската престолнина според податоците и понатаму е најпривлечна за Американците и Британците.
Според Бирото, во 2012 годиниа посетеноста на париските хотели била рекордна. Регистрирани се 15,68 милиони пристигнувања на туристи, што претставува пораст од 0,2 отсто, а исполнетоста на капацитетите била 79,9 проценти , ниво кое дсоега не е забележано.
Во Париз биле оставрени вкупно 36,9 милиони ноќевања во хотелите, од кои околу 13 милиони од страна на Французи, а останатите 23,9 милиони од странци.
Најбројни меѓу странците биле Американците и Британците, секои со над еден милион ноќевања во хотелите, односно Американците со 4 милиони ноќевања, раст за 12 проценти и Британците со над 2,5 милиони ноќевања, заголемување за 6 отсто.
Туристите од Швајцарија и Кина се тие кои забележаа најголем пораст - Шајцарците за околу 18 проценти на 313.000 посети и 795.000 ноќевања, а Кинезите за околу 15 отсто со 181.000 посети и 474.000 ноќевања.
Шеста година по ред бројот на туристите од Шпанија и Италија се намалува.
