Економија, финансии, бизнис

Контакт

Околу 200 милиони Американци погодени од снежна бура, загинаа 12 лица

Околу 200 милиони Американци погодени од снежна бура, загинаа 12 лица

Околу 200 милиони Американци се на удар поради силни зимски бури кои ја зафатија земјата, а во кои загинаа најмалку 12 луѓе пред празничниот викенд.

Повеќе од 1,5 милиони луѓе останаа без струја, а илјадници летови беа откажани во петокот, пренесува Би-Би-Си.

Поради невремето, во петокот во Америка беа откажани повеќе од 5.700 летови, а работата и редовните операции на аеродромите низ земјата беа отежнати.

Во четвртокот се откажани околу 2.700 летови, а денеска во првите часови од денот веќе се откажани повеќе од 1.000 летови, се вели во соопштението на веб-страницата за следење на авиосообраќајот FlightAver.

Брзите патнички возови на Амтрак откажуваат десетици редовни линии, спречувајќи десетици илјади Американци да патуваат за време на божиќниот празник.

Огромното невреме се протега од Тексас до Квебек, Канада, на територија од над 3.200 километри.

Ова е една од најсилните бури која се почувствува во Канада, а Онтарио и Квебек се најдоа под товарот на арктичката зима со прекини на струја во домаќинствата на стотици илјади луѓе.

Предупредувањата за екстремен студ и зимско невреме се на сила во поголемиот дел од земјата, од Британска Колумбија до Њуфаундленд.

Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека широко распространетите тешки временски услови се причина за најголемиот број зимски временски предупредувања досега издадени.

Голем број смртни случаи поврзани со невремето вклучуваа сообраќајни несреќи и сообраќаен метеж во Охајо каде загинаа двајца возачи.

Сепак, забележани се проблеми во сообраќајот низ државата поради недостиг на расположливи возачи-оператори на машини за чистење снег и други комунални возила за чистење снег, кои се дефицитарни поради малиот надоместок за ваквите работни места.

Фото: Принтскрин/Би-Би-Си

Слично

Поврзани вести