Околу 20 000 странски туристи може да биле во Непал во земјотресот
Околу 20 000 странски туристи може да се наоѓале во Непал во моментот на земјотресот, објави весникот „The Himalayan Times“, повикувајќи се на регистарските податоци на Министерството за внатрешни работи на Непал.
„За жал, сепак не сите туристи го регистрираат својот престој во Непал“, велат од министерството.
Најголема популарност во Непал имаат туристите од Кина и Индија. Во моментот на земјотресот таму може да биле околу 3 000 Индијци и над 4.000 Кинези. Засега е познато дека стихијата го одзела животот на најмалку петмина Индијци и најмалку четворица кинески туристи.
Засега нема информации за тоа каде се наогаат на околу 300 од 549 регистрирани државјани на Австралија, 54 од 155 чешки државјани, 675 од 1098 Французи, а исто така и петмина Индијци, седум Колумбијци, 18 граѓани на Индонезија, петмина граѓани на Литванија, 28 граѓани на Тајпеј , 91 Украинци и околу 300 Јапонци.
Во исто време станува јасно дека медицинските власти во Непал стравуваат од можноста во земјата да избувнат епидемии, бидејќи во болниците нема доволно места, а водата за пиење и храната не се доволни за илјадниците сиромашни луѓе.
„Луѓето лежат на земјата, а до нив има отпад. Тие немаат пристап до медицински маски и тоа може да доведе до заразни болести“, вели еден локален лекар.
